Иако сите се стремиме кон правилна и урамнотежена исхрана, понекогаш едноставно не успеваме да ги добиеме сите витамини, минерали и хранливи материи само од храната. Кога диетата не функционира, одредени суплементи можат да ни ги обезбедат виталните хранливи материи што ни недостасуваат.
„Витамините можат да помогнат да се пополнат нутритивните празнини во исхраната. Ако некое лице е на диета која ограничува или забранува одредена храна, додатоците во исхраната можат да помогнат“, вели диететичарот Кери Ганс.
Без оглед на тоа какви витамини земате, можеби се прашувате кое е најдоброто време од денот за дозирање на додатоците.
„Најдоброто време за земање витамини зависи од витаминот што го земате. На пример, витамините Б можат да помогнат во производството на енергија, па затоа има смисла да ги земате наутро“, вели диететичарот Џим Вајт.
Како општо правило, најдобро време за земање витамини е кога ќе се сетите да ги земете. За некои тоа е наутро со појадок, а за други навечер пред спиење.
Најдете најдобро време за земање витамини врз основа на нивниот состав.
Витамин Б, Ц и биотин (витамини растворливи во вода)
„Витамините растворливи во вода може да се земаат во секое време од денот, со или без храна“, вели Вајт.
Витамини А, Д, Е и К (витамини растворливи во масти)
„Витамините растворливи во масти се разликуваат од витамините растворливи во вода затоа што треба да се консумираат со оброк кој содржи масти за полесно да се разградат“, објаснува Вајт.
Значи, иако може да се земаат во секое време од денот, клучно е да се земаат со оброк кој содржи масти.
Мултивитамини
Мултивитамините генерално содржат витамини растворливи во масти и витамини растворливи во вода. Најдобро е да ги следите правилата за витамини растворливи во масти и да ги земате во секое време од денот кога можете да јадете оброк кој содржи масти.
Што се однесува до земање витамини на празен стомак, не постои посебно правило. Некои луѓе немаат несакани ефекти ако земаат на празен стомак, додека други имаат. Треба да се запомни дека витамините растворливи во вода подобро се поднесуваат на празен стомак, но оние растворливите во масти и мултивитамините подобро се земаат со храна за да се спречат стомачни проблеми и да се зголеми апсорпцијата на витамини.
Додатоци на железо се препорачува да се земаат на празен стомак за оптимална апсорпција, според Клиниката „Мајо“.
Ако земате калциум, чувајте го одвоено од вашиот додаток на железо за да бидете сигурни дека вашето тело целосно ги апсорбира двете супстанции, пишува „Prevention“.