СЗО: 2,7 милиони луѓе годишно умираат во Европа од алкохол, тутун и преработена храна

Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика владите да воведат построга регулатива за производите штетни за здравјето, бидејќи извештајот на СЗО покажа дека околу 2,7 милиони луѓе годишно умираат во Европа од тутун, алкохол, преработена храна и фосилни горива.

Како што пишува Гардијан, во споменатиот извештај, СЗО навела дека индустриите за тутун, алкохол и преработена храна поттикнуваат лошо здравје.

Регионалниот директор на СЗО за Европа Ханс-Анри Клуге рече дека тактиките на индустриите вклучуваат искористување на ранливите луѓе преку насочени маркетинг стратегии, заведување на потрошувачите и лажни тврдења за придобивките од нивните производи или нивните еколошки акредитиви.

Scroll to Top