Аца Лукас објасни зошто Цеца не му е повеќе пријателка

Српскиот фолкер Аца Лукас, откако се врати на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, призна зошто повеќе не ја смета својата колешка Цеца Ражнатовиќ за пријателка.

Тој во разговор со новинарите даде краток одговор за односот со Цеца.

Прво му поставија прашање дали добил подарок од некоја жена и, ако добил, кој му оставил најголем впечаток.

„Па сум добил подароци многупати, но не можам сега да ви  откријам“, вели Аца.

„Можеби сте добиле подарок од некоја пријателка за роденден или Нова година“, го прашаа новинарите Аца, а тој веднаш одговори:

„Јас немам пријателки!“

„Па што ти е Цеца?“

„Таа ми е другарка“.

Покрај шпекулациите во јавноста за неговиот ангажман во „Ѕвездите на Гранд“, Лукас конечно реши да се врати и, како што вели, бил воодушевен од оваа емисија.

„Вчера се чувствував како прв ден во училиште. Воодушевен сум од ‘Ѕвездите на Гранд’“, изјави Лукас, кој на прашањето дали се точни шпекулациите дека на својата ќерка ѝ понудил стан како подарок за бременоста и венчавката, тој одговори:

„Официјално ме прашуваат нешто што е семејна работа. Јас никому не сум му понудил стан, моја обврска е моето дете да има стан, и го доби“, изјави Лукас.

На прашањето дали ослабел, Лукас ја откри тајната на својата диета.

„Одев кај нутриционисти, јадев само печена пиперка! Ослабев малку и од работа, а морав да ослабам затоа што имав голем стомак. Престанав да јадам леб, да пијам млеко и да јадам ноќе“, вели Лукас.

 

Scroll to Top