Драгана Мирковиќ откри зошто не се дружи со Цеца

 

Драгана Мирковиќ го опиша својот однос со Цеца и откри зошто тие двете повеќе не се пријателки. Со години се зборува дека Драгана Мирковиќ и Цеца Ражнатовиќ не се во најдобри односи, а Мирковиќ сега конечно откри зошто не се дружи со Ражнатовиќ и дека би сакала да сними дует со неа.

Драгана објасни дека со Цеца се премногу различни и дека би можело да бидат пријателки.

„Таа и јас никогаш не сме биле блиски од проста причина – многу сме различни. И животот многу ни е различен, опкружувањето, пријателите, но тоа не е ненормално затоа што не сме сите исти. Од таа причина не се привлекуваме една со друга за толку да се гледаме“, изјави Драгана и додаде дека Цеца своевремено знаела и да ја пофали нејзината телевизија „ДМ сат“.

 

 

Scroll to Top