(Фото) Новак конечно објави фотографија од синот

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена постојано објавуваат фотографии од синот Стефан, но момчето на секоја од нив е свртено со грб. Овој пат Новак објави приказна на својот инстаграм-профил на која конечно покажа како изгледа неговиот тригодишен син.

Фотографијата е направена во авион и иако Новак не напиша каде патуваат, многумина веруваат дека негова дестинација е Абу Даби, каде што на 29 декември ќе го одигра првиот официјален натпревар по неколкумесечна пауза.

 

Scroll to Top