Хрватскиот пејач Јелавиќ бесен поради доминацијата на српската музика во Хрватска

Не е никаква тајна дека српските пејачи често настапуваат во Хрватска. Напротив. Тие го истакнуваат тој факт и горди се поради тоа што во Хрватска имаат своја публика која ги полни клубовите каде и да се појават.Но, хрватскиот пејач Матко Јелавиќ не е среќен поради овој факт, па на својот фејсбук-профил се огласи во врска со српската музика и српските изведувачи во Хрватска.Тој ја фотографираше рекламата за концертот на Жељко Јоксимовиќ на 22 декември во Лабина, и покрај истата напиша порака со која го изрази своето незадоволство.„Градоначалниците на хрватските градови ја користат музиката за собирање политички поени. Повеќето од нив. На тој начин ја убиваат нашата музика до крај. Српската и босанската музика во моментов заземаат 90% од хрватската забава и концерти. Тој процент до пред 20 години ѝ припаѓаше на хрватската музика“, почна Јелавиќ.

Не се чудам што Србите го искористија празниот простор по масакрот на нашата музика кој се спроведува од 1993 година. Тие кон тоа прашање имаат многу поправилен однос од нас. Но, сепак, 90 проценти не е соработка туку окупација“, очигледно гневно порача Јелавиќ.

„Повторувам, Хрватска ја уби хрватската музика. И никој друг! Ова е првпат да слушнам српски изведувач да пее за католички Божиќ во хрватски град. Значи, идат на 100 %! Со помош на локалните власти и моќници! Немам ништо против настапите на сите странски изведувачи кај нас. Музиката, сепак е јазик од вселената. Но, задачата на Хрватска е да ја оправи својата, првенствено. Музиката е душа на народот и идентитет. Стигна крајниот час! И зошто не Христос се роди!“, порача Јелавиќ на крајот.

По овој повод новинарите се обидоа да добијат коментар од Јоксимовиќ, но тој не сакаше да ги коментира изјавите на Јелавиќ. Можеби поради тоа што во Лабина пее на 22 декември, а не на католички Божиќ, кој е на 25 декември.

 

Scroll to Top