Лепа Брена на прием кај градоначалникот на Штип

Овој викенд во Штип се одржува 11. издание на манифестацијата Штипска пастрмајлијада, а ѕвезда на втората вечер беше фолк-пејачката Лепа Брена. Освен што својот престој во Штип го искористи да проба од вкусните штипски пастрмајлии, таа беше и на прием кај градоначалникот на овој град, Илчо Захариев.

„Многу сум горда што сум повикана на една ваква специфична и традиционална манифестација која се вика „Пастрмајлијада“. Кога доаѓав од Белград знаев дека имате развиена текстилна индустрија, имате многу млади луѓе и дека градоначалникот ви е многу добар – рече Брена.

Тридневната манифестација завршува вечерва со настапот на хрвтската пејачка Јелена Розга.

Scroll to Top