Лепа Брена со нов имиџ

Во Белград се одржа ревија на модниот бренд H&M, а еден од гостите на ревијата беше и фолк-пејачката Лепа Брена. Таа на ревијата дојде облечена во нивен модел, а потоа беше дел и од фотосесијата на брендот. Многумина се изненадија од новиот имиџ на Брена – боб-фризурата до рамена.

Освен Брена, гостинка на ревијата беше и Емина Јаховиќ, која исто како и нејзината повозрасна колешка, беше облечена во еден од најновите модели на модниот бренд.

Scroll to Top