Почина актерката Нада Ѓуревска, босанската легенда од Скопје

Вчера во 65. година од животот почина Нада Ѓуревска, една од најзначајните актерки во екс Југославија. Нада Ѓуревска е босанско-херцеговска актерка со македонско потекло. Родена на 8 јануари 1952 година во Скопје, а во Сараево доаѓа како шестгодишно девојче. Во текот на животот стана сараевска легенда, а во текот на војната играше на сите три сцени на сараевските театри.

Речиси немаше филм во Босна и Херцеговина во кој таа немаше улога, па така има глумени во над 30 филмови и десетина ТВ серии.

Колегите од цела поранешна Југославија денеска на социјалните мрежи се простуваат со неа.

Scroll to Top