Рада објави фотографија со својата покојна мајка

Рада Манојловиќ никогаш не криела колку е поврзана со своето семејство, поточно за татка си и за својата сестра Марија. Таа ја изгубила мајка си прерано, уште во 2005 година, кога имала само дваесет години. Тоа за Рада бил најтешкиот момент во животот затоа што со мајка си Мирјана била сѐ до последниот момент.

Рада денеска е една од најуспешните и најпопуларни пејачки, а за нејзините настапи секогаш се бара билет повеќе. Како што и самата во неколку наврати нагласила, сето тоа ѝ го должи на својата мајка, која секогаш верувала во неа и постојано ѝ говорела дека еден ден ќе стане вистинска ѕвезда.

Иако Рада не сака да зборува за својот приватен живот, ниту да ги дели најинтимните моменти со своите фанови, овој пат тоа го стори. Имено, Рада на „Инстаграм“ објавила семејна фотографија посветена на покојната мајка, проследена со емотивна порака.

„Таа заслужува да знаете како изгледаше и колку беше убава. Моја убавица, мој херој и ангел. Мирјана“, напиша Рада Манојловиќ.

Речиси во секој коментар беше потенцирано дека Рада била иста како мајка ѝ, како и дека убавината ја наследила од неа, баш како и сестра ѝ Марија.

 

 

 

Scroll to Top