Раде Шербеџија ќе има концерт во Скопје

Хрватскиот актер со холивудска кариера Раде Шербеџија на 4 и 5 ноември ќе настапува во Скопје. Тој ќе одржи два ексклузивни концерта во Македонската опера и балет, придружуван од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб.

Шербеџија во Скопје ќе го промовира новиот албум, кој ќе излезе на средината во октомври. На скопските концерти ќе настапи со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др.

Како специјални гости на концертот ќе се појават Гаро и Браќета Тавитјан , кои со Раде имаат една песна на новиот албум, но најавени се и други гости, како изненадување на вечерта.

Билетитњ по цена од 990 денари во продажба ќе бидат од денеска (среда) преку продажната мрежа на Купи карти за сè, Југотон и онлајн.

Scroll to Top