Во домот на Неџла и Бали-бег

Турските актери Фахрије Евџан и Бурак Озчивит, кои стапија во брак пред неколку месеци, и понатаму се во центарот на вниманието во Турција, но и во земјите во кои се прикажуваат сериите во кои се тие главни актери. Последната причина за реакциите кај нивните фанови беше фактот што популарниот Бали-бег решил да се пресели во станот на неговата сопруга наместо во неговиот или во нов, заеднички дом.

Станот на Неџла и Бали-бег е дуплекс од 240 квадрати, нов и модерен, полн со впечатливи детали. Има три спални соби, работна соба, две бањи и огромна тераса со поглед на градот. Сместен е во населбата Истиње, во европскиот дел на Истанбул.

Scroll to Top