Зоран Шијан го спасил Бреговиќ од криминалци

На Горан Бреговиќ, опасни момци му го украле скапоцениот автомобил од пред зграда, но тој го повикал Зоран, кој работата ја земал во свои раце, па возилото на музичарот, му е вратено за само еден час.

Гран Бреговиќ, на средината на 90-те години бил мета на сериозни криминалци, но од нив го спасил Зоран Шијан! Тој само благодарение на некогашниот лидер на „сурчинскиот клан“, му бил вратено скапоценото возило.

На прочуениот музичар, автомобилот му бил украден од центарот на Белград, пред зградата во која живеел. Негов близок пријател се пристел на тој немил настан.

Го почитувале

„Горан и Зоран не беа блиски пријатели, но се ценеа и почитуваа. Во еден момент, музичарот упаднал во невоља и не знал што да прави. Тој се паркирал пред зградата во која тогаш живеел и се качил во станот горе да земе некои документи. Но, некои криминалци го следеле, и го искористиле моментот да му го украдат возилото, кое тогаш беше едно од најскапите во градот. Кога Горан видел дека неговото луксузно возило го нема на местото каде паркирал, полудел. Знаел дека е ограбен. Се уплашил дека крадците му го однеле преку граница или дека ќе му бараат многу пари за откуп. Не можел да се соземе во полицијата, па решил да го повика Шијан, и го замолил за помош“, раскажува пријател на Бреговиќ.

Тој вели дека тогашниот сопруг на Гоца Божиновска, кој бил убиен во 1999 година, веднаш се впуштил во потрага. Ги повикал своите блиски соработници и автомобилот е пронајден за еден час.

Тешки времиња

„Тоа беше тешко време. Автомобилите се крадеа како алва. Крадците тогаш не сметаа на тоа дека Брега го познава Шијан. Да не се вмешаше тој, тешко дека возилото ќе беше пронајдено, но кога одреагира најсилниот во градот, се разбира проблемот е решен за неполн час. Музичарот беше пресреќен и не знаеше како да му заблагодари. Од тогаш не смееше никој да фрли око на неговата кола, а камоли да ја украде“, вели изворот.

И Гоца Божиновски ја потврди оваа приказна.

„Многу пати имам кажано, но нокогаш не ми е тешко да повторам. Мојот Зоран беше голем човек. Секогаш сакаше да помага. На сите им излегуваше во пресрет. Кога можеше да се реши проблемот, го решаваше за половина час. Него сите го ценеа, и никој не смееше да му стапне на цртата. Знаеше дека неговиот збор има тежина. Минаа години, кој знае што се се случи и на кој се му има помогнато“, изјави Гоца.

 

Scroll to Top