Авганистанецот Абас Ализад наликува на Брус Ли

Дваесет и четиригодишниот Абас Ализад е актер од Авганистан кој многу наликува на мајсторот за кунг-фу Брус Ли.

Уште како дете Абас бил фасциниран од боречките вештини, но сиромаштијата го спречила да се приклучи на некој клуб. Не сакајќи да се откаже, почнал да тренира дома во подрумот.

„Првпат видов филмови со Брус Ли кога имав 8 или 9 години, и многу ми се допаднаа неговите движења. Гледањето на неговите филмови ме инспирираше да почнам да учам боречки вештини“, раскажува Абас за „Спутник“.

Десет години учел кунг-фу. Пред три години почнал да тренира со тренер во еден локален клуб, а научил да користи и нинџаки гледајќи филмови од својот идол и имитирајќи ги неговите движења. Но, сè уште сака да тренира во својот подрум.

Абас станал славен во Авганистан, но и пошироко кога пред неколку години објавил фотографија на „Фејсбук“ со потпис: „Брус Ли се појави во Авганистан“.
Вели дека е многу горд на фактот што сонародниците му го дале надимакот „Авганистански Брус Ли“.

👌😂 @brucelee @donnieyenofficial @cristiano

A post shared by Abolfazl Abbas Alizada🇦🇫 (@abbas_alizada_official) on

Младиот актер досега снимил два филма. Broher Lee е комедија снимена во Азербејџан, филм кој го снимил во 2006 година. Во него играл во улогата на другар на кунг-фу легендата Брус Ли. Вториот филм, кој во моментот е во постпродукција, го снимил во Индија. Филмот исто така е посветен на Брус Ли.

#kungfu_martailart #mma#wushu#chinesekungfu#karate#gymnastic#💪

A post shared by Abolfazl Abbas Alizada🇦🇫 (@abbas_alizada_official) on

Неодамна потпиша договор со една холивудска компанија, но младиот актер не сакаше да открие ништо освен дека снимањето почнува во март или април.

Some fitness workout 👍💪

A post shared by Abolfazl Abbas Alizada🇦🇫 (@abbas_alizada_official) on

Се надева дека во својата татковина ќе отвори филмско студио, каде би вработувал млади и талентирани луѓе кои ќе помогнат во развојот на авганистанскиот филм.

 

Scroll to Top