Ферги: „Се дрогирав и секој ден халуцинирав“

Пејачката и актерка Ферги јавно проговори за завсиноста од дрога. Таа јавно призна дека за време на тинејџерските години употребувала психоактивни супстанци.

42 годишната Ферги, која неодамна се разведе од сопругот Џош Духамел, изјави дека уште од раните тинејџерски години била зависник од дрога.

Како што се зголемувал нејзиниот проблем, пејачката поминала и низ многу здравствени проблеми, а во интервјуто за ‘”И њуз” рекла дека страдала од халуцинации кои биле предизвикани од употребата на “кристалниот метал”.

„Страдав од психоза и деменција кои беа предизвикани по хемиски пат. Секој ден халуцинирав“, искрено зборуваше пејачката.

Потоа открила дека опоравувањето ѝ бил долг процес додека да исчезнат штетните супстанци засекогаш од нејзиното тело.

„Кога престанав со употреба на дрога, потребна ми беше една година за хемикалиите да се смират во мојот мозок, за да престанам да гледам такви работи“, вели Ферги.

Ферги напоменала дека во најтешкиот момент препознала некои работи кои ѝ претставуваат големо животно искуство. Таа вели: “Дрогата ви овозможува многу забава…сè додека таа забава не престане”.

Scroll to Top