(ФОТО) Џенифер Анистон си го спасува бракот во Мексико

Популарната актерка Џенифер Анистон повторно поминува низ турбулентен период со својот сопруг Џастин Терокс, пишуваат странските медиуми. Двојката веќе некое време не живее заедно, а според нивните блиски, се трудат пред јавноста да покажат дека сè уште се вљубени. Веројатно, решиле да го спасат бракот. Џенифер и Џастин заминале во Мексико на одмор и, како што пренесуваат медиумите, таму ќе ја прослават Нова година.

Според пишувањата на весниците, кризата во бракот се јавила кога Џенифер Анистон почнала да реагира љубоморно затоа што нејзиниот сопруг постојано бил во женско друштво. Други, пак, велат дека таа не сакала деца, а наводно Џастин бил подготвен да стане родител.

Scroll to Top