Гвен Стефани е бремена

48-годишната пејачка Гвен Стефани е бремена четвртпат! Таа и понатаму не ја потврдува бременоста, но американските таблоиди веќе некое време шпекулираат дека Гвен и нејзиното момче Блејк Шелтон ќе добијат бебе. Според таблоидите, Гвен е оплодена ин-витро по неколку неуспешни обиди да остане бремена по природен пат. Пишувањата на таблоидите ги подгреа и фотографијата од Ноќта на вештерките на која преку тесниот фустан на Гвен се гледа трудничкото стомаче.

Гвен има три сина, Кингстон, Аполо и Зума, родени во бракот со музичарот Гевин Роздејл.

Scroll to Top