Модата на прво место: Меланија Трамп со високи потпетици ги посети поплавените подрачја

Првата дама на САД, Меланија Трамп стана мета на потсмев на социјалните мрежи поради снимките кои беа објавени.

Во високи потпетици и авијатичарски очила за сонце, таа заедно со сопругот Доналд Трамп тргна во обиколка на катастофалната поплава која го зафати Тексас.

Во продолжение само дел од лавината коментари:

– Не е модна недела во Милан, Меланија!

– Извонредна идеја, може да собирате отпадоци со штиклите.

– Помошта стигна во Тексас, немој да се грижите. Важно е дека Меланија ги носи специјалните штикли за поплава!

Scroll to Top