Продажбата на албумите на „Кренберис“ зголемена за 900.000 проценти

По вчерашната смрт на Долорес О’Риордан, пејачката на ирскиот бенд „Кренберис“, продажбата на нивните албуми на „Амазон“ се зголемила за 900.000%.

Најпродаван од сите е последниот албум, Something Else, чија продажба скокна за 913.350%. На второ место е соло албумот на пејачката Are You Listening. Следуваат два албума со бендот, па синглот Linger.

О’Риордан почина ненадејно, на 46-годишна возраст. Причините за смртта и понатаму се непознати.

Scroll to Top