Почина Дарко Арсов, пливачот кој освои злато на Специјалната олимпијада    

Почина Дарко Арсов, кој освои златен медал во пливање на Специјалната олимпијада во 2011 година во Атина. Дарко имаше Даунов синдром, а почина на 37-годишна возраст, по подолго боледување . Само пред неколку дена беше објавен апел дека  итно му е потребна трансплантација на црн дроб. Тој, за жал, не го дочека донаторот за трансплатација на црн дроб.

„Со огромна тага и жалење ја споделуваме веста за смртта на нашиот атлет Дарко Арсов. По долгогодишно боледување, златното момче ја изгуби битката. Дарко Арсов ќе го паметиме по неговиот ведар дух, хуморот кој во себе го носеше и златниот медал во пливање на 50 метри од Олимписките игри во Атина 2011 година. Искрено сочувство до семејството“, напишаа од Специјалната олимпијада на Македонија.

Дарко е добитник на златен медал на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Полска во 2010 година, во категоријата атлетика, дисциплина 50 метри.

Scroll to Top