Дваесет и осумгодишен велешанец вчера се обидел да се отруе, испивајќи средства за чистење во домаќинството, потврди полицијата од Велес.
Човекот се труел со половина литар течност ,,Доместос’’ и 50 милилитри од течноста ,,Арф’’.
„Вчера во 19.15 часот во ЈЗУ Општа болница- Велес е донесено 28-годишно лице, кое се затруло со испивање на ,,Доместос’’ и ,,Арф’’.
По извршениот лекарски преглед е констатирано дека лицето е во животна опасност и тој со возило на Брза Помош е однесен во Државна болница – Скопје на понатамошно лекување.