Слеп Словенец добил понуда да работи како возач на автобус

Себастијан Каменик, слеп, невработен Словенец добил порака од тамошниот Завод за вработување итно да се јави на конкурсот за возач на автобус. Откако на  социјалните мрежи напишал дека неговиот вид е 100 отсто оштетен и дека не е способен да вози автобус, одговорните од институцијата веднаш му се извиниле.

Тој потоа за телевизијата „Поп ТВ“ рекол дека кога бил млад сакал да стане возач на автобус. Со понудата за работа, таа желба речиси му се остварила.

„Наречете го тоа трагикомично или морбидно, како сакате“, рекол тој. „Сфаќам дека службениците во Заводот си ја вршат својата работа и рутински испраќаат пораки за слободни места затоа што мора да ги исполнат своите квоти. Но би било логично тој што ги дистрибуира понудите да ги испрати само на оние кои се адекватни“, додал Каменик.

Тој вели дека неговиот случај не е единствен. Откако јавно ја кажал неговата приказна, му се јавиле и други лица со оштетен вид кои рекле дека биле повикани за работни мести во месари, пилани, па дури и во војска.

Scroll to Top