Газдата се истопори пред билборд

Само неколку дена пред официјално да почне со работа новата „1ТВ“, во сопственост на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, тој застана на една од скопските крстосници и се сликаше пред еден од билбордите.

Боки покажува кон билбордот на кој се ликовите на уредникот на телевизијата Ацо Кабранов, Тијана Дапчевиќ и Анета Кочишки.

Пред само една недела Боки ја доби наградата за модна икона и за личност на годината на магазинот „Стори“. Но, повеќе беше актуелен поради шверцот на луксузна облека, за што објавија медиумите, дека тој се обидел да внесе скапа облека и асесоари од познати модни брендови. Царината на скопскиот аеродром го запрела и ја откриле скапата стока, па му напишале казна од 15.000 евра.

Scroll to Top