Градоначалникот на Кочани e најбогат кандидат за градоначалник на Македонија

Македонски центар за меѓународна соработка изработи листа на најбогатите кандидати за градоначалници на Македонија. Прв на листата е актуелниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитровски,  кандидат на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитровски е основач на печатницата „Европа 92“. Неговиот имот има вредност од три и пол милиони евра. Од овие средства, 3 милиони евра зел на кредит, има сопственички удел во фирми во висина од 363 илјади евра, заедно со сопругата поседува две куќи во Кочани во вредност од 20 илјади евра и земјиште вредно 16 илјади евра.

Scroll to Top