Кире Лазаров најде ново друштво

Македонскиот ракометен репрезентативец Кире Лазаров има ново друштво. Соиграчите од клубот „Нант“ во Франција. Облечени во елегантни костуми, тој и неговите соиграчи од клубот се пофалија на социјалните мрежи. Кире неодамна за „Репортер“ изјави дека новата средина е и негов нов почеток.

„Тимот е добар, владее позитивна атмосфера, а клубот од година на година има амбиции да расте. Засега сум задоволен, иако сум свесен дека ќе ми треба уште малку време за приспособување“, рече капитенот на македонската ракометна репрезентација.

Scroll to Top