Ленче Ристоска: Плетењето ме смирува  

За трите кучиња кои ги чува дома, во Лешок, специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска вели дека воопшто не е чудно зашто од секогаш ги сакала животните. Таа открива дека летото секогаш го минува во своето родно место, Лешок, каде и лете и земе климата е идеална.

„Во Лешок се моите родители и брат ми, кој ми е најдобриот другар. Со него знаеме често да седнеме на партија табла, да се заиграме и цело време да јадеме лубеница“, открива Ристоска.

Таа раскажа дека кога била мала одела на играорна, но и дека била третиот студент во генерација на Правниот факултет кој дипломирал со најдобар успех.

„Кога ми го прочитаа бројот на индексот на дипломирањето ракоплескав  мислејќи дека се работи за некој друг студент, па потоа сфатив дека сум јас“, открива Ристоска.

Вели дека не ѝ треба кафе за да го почне денот, дека сака џез- музика, но и сè што е поврзано со уметност.

Специјалната јавна обвинителка откри и дека кога има слободно време сака да плете затоа што тоа ја смирува.

 

Scroll to Top