„Мајчин јазик“ е новиот албум на Влатко Стефановски

Македонскиот легендарен гитарист Влатко Стефановски го објави својот нов албум „Мајчин јазик“ зад кој стои хрватската издавачка куќа „Кроација рекордс“. Новиот албум на Влатко, кој ја доби наградта „11 Октомври“, доаѓа три години по неговиот последен албум „Сеир“. Во новиот албум има девет инструментални верзии на македонски народни песни, но и теми од опусот на „Леб и сол“. Како бонус песна, која е единствена вокална на албумот, е „Море, сокол пие“, која Стефановски ја изведува заедно со Раде Шербеџија, кој ги пее стиховите на оваа позната македонска песна.

Меѓу другите песни се „Бистра вода“, „Успаванка за Радмилу М“, „Јано, мори“, „Димитрио, сине Мите“, „Македонско девојче“, како и „Зошто си ме мајко родила“, која е посветена на Стево и Есма Теодосиевски.

Scroll to Top