Македонскиот одбојкар Симовски среде натпревар ја запроси својата девојка

Македонскиот одбојкарски репрезентативец Дејан Симовски вчера јавно пред сите ја побара за жена својата девојка за време на одбојкарскиот натпревар што се играше во Тетово. Дејан, кој игра за клубот „Вардар“ и кој беше дел од екипата на натпреварот, ја искористи паузата од натпреварот и се качи на трибините каде што седеше неговата долгогодишна девојка јавно пред сите ја праша дали сака да се ожени со него.

Овој гест наиде на воодушевување кај присутните, но и кај неговите колеги од екипата.

Викендов во Тетово се играше одбојкарскиот турнир „Бранко Хаџи Иљоски – Чајка“, каде што се сретнаа српскиот тим „Партизан“ и македонскиот ОК „Вардар“.

 

Scroll to Top