Фолк-пејачката Соња Тарчуловска, сопруга на кандидатот за градоначалник Јохан Тарчуловски, е меѓу првите кои дојдоа пред кривичниот суд на закажаниот протест на ВМРО-ДПМНЕ. Нема информации дали и Јохан е во групата приведени. Протестот на ВМРО-ДПМНЕ е поради апсењата на пратениците од оваа партија, поранешни функционери и граѓани кои за насилните протести на 27 април се осомничени за кривичното дело тероризам. Покрај Соња, пред судот има околу стотина граѓани кои се одѕваа на повикот на Груевски да излезат на протест против апсењата на осомничените.