Пејачката и ТВ-водителка Сузана Турунџиева не престанува да изненадува. По неколкуте издадени книги, таа пред јавноста ја претстави својата колекција уметнички слики. Некои од нив се инспирирани од познати Македонци, меѓу кои и Боки Јовановски, харфистката Мерсиха Шукри, пејачките Маријана и Росана.
Од уметноста на Сузана е воодушевена поп-пејачката Кристина Арнаудова, која дури и посака да ја купи сликата „Росана и Маријана“. Таа веќе ѝ е ветена на Росана, па можеби Кристина ќе добие слика за која таа ќе ѝ биде инспирација на Турунџиева.