(Видео) Перо Антиќ му се заканува на Луиџи Датоме со ново потстрижување

Кошаркарите на Црвена звезда и Фенербахче синоќа се сретнаа во салата „Пионир“, каде што го одработија тренингот пред денешниот меч во рамки на Евролигата.

„Црвено-белите“ имаат многу заеднички работи со турскиот тим, а најцврста врска е Перо Антиќ, кој, како што вели, се израдувал кога забележал некои од добро познатите лица во тимот со кој претходната сезона го покори Стариот Континент.

Сите добро паметат што направи Антиќ прво по освојувањето на Евролигата. Си го одржа ветеното кое го даде и го потстрижа Луиџи Датоме.

Двајцата кошаркари се големи пријатели и Антиќ, како што можеа да забележат камерите на медиумите за време на тренингот, повторно фрлил око на имиџот на Луиџи.

Голем број од обожавателите се прашуваат дали дојде момент повторно Антиќ да се фати за ножици.

Според коментарите на социјалните мрежи, многумина од нив сметаат дека Антиќ денеска ќе се задоволи и ако само со играта и резултат „ги потстриже“ Луиџи и неговите италијански соиграчи на теренот.

Видеото погледнете го на следниот линк:

Scroll to Top