„Игра на тронови“ и како видеоигра

Фановите на хит-серијата „Игра на тронови“ се секогаш желни за нешто ново. Додека да ја дочекаат последната, осма сезона, ќе може и сами да влезат во Вестерос преку новата видеоигра.

„Ворнер брос“ и ХБО најавија дека наскоро ќе биде промовирана нова видеоигра, исклучиво за мобилни телефони, а базарина на случувањата од серијата. Видеоиграта ќе се вика „Игра на тронови: Освојување“.

 

Во описот на играта стои:

„Оваа игра им дозволува на учесниците самите да се најдат во улогата на владетели на некое од моќните семејства во седумте кралства. Нивната главна цел е да навигираат низ опасните политички пејзажи на Вестерос и да седнат на железниот трон. Во текот на играта ќе видат и познати лица, меѓу кои и Тирион Ланистер, Џон Сноу и Денерис Таргеријан.

 

Играта е веќе отворена за предрегистрација. Сите оние што ќе се регистрираат пред нејзината официјална промоција, ќе имаат посебни поволности – дополнителна опрема, моќ, злато и ресурси, кои нема да им бидат достапни на подоцнежните корисници на играта.

Официјалниот датум на промоцијата не е познат, но се очекува да се појави пред крајот на годината, а ќе може да се симне преку „Ап стор“ и „Гугл плеј стор“.

Scroll to Top