Италијанска манекенка ја продава невиноста на аукција

Италијанската манекенка Никол има 18 години и ја продава својата невиност на аукција. Таа изјавила дека кога имала 16 години сфатила дека невиноста е скапоцена, но дека морала да почека да стане полнолетна за да ја продаде без за тоа да дознаат нејзините родители.

Во моментов Никол живее во Британија, каде што студира и работи како модел за долна облека. Таа невиноста ја продава преку сајтот „Елит моделс ВИП“ кој нуди услуги од елитни ескорт модели. Интересот на аукцијата е голем и во моментов највисоката понуда изнесува 1 милион евра.

Ова не е првпат преку истиот сајт девојка да ја продава својата невиност. Неколку девојки веќе го направиле истото, а највисоката платена цена е за извесна Жизел, која невоноста ја продала за 2,1 милиони евра.

Scroll to Top