Почина Боб Гивенс, аниматорот на Душко Долгоушко

Американскиот уметник, аниматор и креатор на популарниот лик на цртаниот филм Душко Долгоушко, Боб Гивенс, почина на 99-годишна возраст.

Гивенс починал од природна смрт на 14 декември во болницата „Сент Џозеф“ во Бурбанк.

Работел за „Дизни“, „Ворнер брос“ и „Хана – Барбера“, а најпознат бил по тоа што бил креатор на оригиналниот Душко Долгоушко.

Гивенс за „Дизни“ работел на анимираниот филм „Снежана и седумте џуџиња“, а подоцна се вработил во „Ворнер брос“.

Бил војник во Втората светска војна, а работел и на проектите како што се „Попај“, „Химен“ и „Мастер на универзумот“.

Својата работа ја вршел до почетокот на 2000 година, по што почнал со предавања на студентите.

Scroll to Top