(Галерија) Секси корсети, кожен латекс, елегантни фустани: песните просечни ама барем модата не потфрли на Макфест

Вчера во Штип се одржа ревијалната вечер на Макфест. Покрај модерните рефрени, младите изведувачи и веќе познати музички имиња кои одамна ги немаше на фестивалот оставија впечаток и со изгледот.

dobivaj vesti na viber

Пејачката Тамара Тодевска и водителката Лила Филиповска се одлучија за долги фустани со црвена и зелена боја. Викторија Лоба воодушеви во црни панталони, а Андријана Петрушевска како жена мачка беше облечена во кожен латекс. Внимание остави и Кристина Димитријевка во белиот корсет.

Пејачот Ламбе Алабаковски, Јован Јованов и водителот Димитар Атанасовски се одлучија за класични црни костими.  На сцената блеснаа и Борко Ристевски помладите Лара и Пајак, 2 Бона, и Боно, Андреа Коевска. Настапија и регионални изведувачи, како пејачот на позната група Бијело Дугме, Ален Исламовиќ.

 

(Галерија) Конечно на Макфест се вратија познатите пејачи кои одамна престанаа да пеат на фестивалот: Ревијална вечер и првпат без награди

Scroll to Top