(Галерија) Најскапите папарацо-фотографии во историјата: шест милиони долари за првата направена од Леди Ди и Доди ал-Фаед

На интернет-страницата Shotkit неодамна беше објавена листата на осумте најскапо платени фотки што ги направиле папараците во изминатите децении. Најскапата фотка чини шест милиони долари, а на листата се и три фотографии од Ана Никол Смит и две од Бред Пит и Анџелина Џоли.

За сликата на која принцезата Дајана е на јахта со нејзиниот љубовник, милионерот Доди ал Фајед, папараците заработија 6 милиони долари. Фотографијата e потпишaна од Rex Features, а е направена е кратко пред нивната смрт.

Втората најскапа фотографија го прикажува телото на починатата манекенка Ана Никол Смит во црна ќеса. Оваа слика е продадена за 1,5 милиони долари.

И на третото место е една фотографија од Ана Никол Смит, на која е со Хауард К. Стерн на нивната неофицијална венчавка на брод. Оваа слика е продадена за 1 милион долари.

За 1 милион долари е продадена и првата фотографија од ќерката на актерката Гвинет Палтроу и пејачот на „Колдплеј“, Крис Мартин.

Последната фотографија од Даниел Смит, синот на Ана Никол Смит, на која е во болница и ја држи неговата полусестра, е продадена за 675.000 долари. Даниел починал брзо потоа во истата просторија од предозираност.

Светскит магазини платиле пола милион долари за првата слика од ќелавата Бритни Спирс. Фотката е направена 2007 година кога пејачката доживеа нервен слом и самата се потстрижи во фризерски салон.

На седмото и осмото место се фотографии од Бред Пит и Анџелина Џоли, двете продадени за половина милион долари. Едната го прикажува парот на плажа со синот Медокс, а втората е од првото појавување на Анџелина во јавноста откако откри дека е бремена.

Scroll to Top