Сибирски бран од следната недела и во Македонија!

По невремето што овие денови го погоди Балканскиот Полуостров на самиот почеток од следната недела, барем според моментните анализи на метеоролозите Славчо Попоски и Костадин Павло, во следниот период се очекува Балканот да го зафати сибирски бран и врнежи од снег не само на повисоките места туку и на некои пониски места.

Се очекува и формирање снежна покривка на високите места. Ваква состојба може да се очекува и за Македонија. Според анализите што ги направиле, врнежите што треба да дојдат в сабота, според нив, ќе бидат многу слаби и локални и претежно на северот од нашата држава. Секако, поради продорот на постуден воздух од север на повисоките планини на северот и северозападот од државава, врнежите ќе бидат од снег во вид на провејување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, па така температурите на воздухот повторно ќе опаднат и максималните дневни ќе се искачат во интервал од 9 до 17 степени, меѓутоа од доцна попладнето и вечерта ќе опаѓаат и до недела наутро на некои места ќе се спуштат под нулата.

 

Scroll to Top