Некст тајм: Во спотот „Слушам кај шумат шумите“ прв пат јававме коњи

По две ипол години пауза, дуото „Некст тајм“  се вратија на музичката сцена. Нивното ново видео за преработката на песната „Слушам кај шумат шумите“, снимано во Галичник, ѝ се допадна на публиката, а спотот го нарекоа филмска приказна.

Во интервјуто за „Репортер“, близнаците Мартин и Стефан ја откриваат приказната – како го снимале видеото и зошто ги немаше на сцената.

„Нормално е секој артист да направи пауза. Веројатно тука е самата зрелост кај сите артисти, па така и кај нас. Не сакавме да се форсираме по секоја цена. И за цело ова време сакавме кога ќе се вратиме, тоа да биде со квалитетно парче“, велат браќата.

Размислувале дали да продолжат со овој стил на музика, зошто предходно ја препеаа “Ја излези Ѓурѓо“. Сепак решеиле конечно дека е време да ја испеат нивната омиелна песна од времето кога биле мали, па брзо ја донеле одлуката дека “Слушам кај шумат шумите“ е вистинскиот избор.

„Иако сме врзани за оваа песна, не сме ја пееле на настапи. И самото тоа што се нафативме на ова е меч со две острици, зошто ризик е како ќе се отпее или направи преработка. Веројатно не погрешивме, луѓето навистина позитивно реагираа на сето ова“, раскажуваат Мартин и Стефан.

Видеото се снимало 10 дена во Галичник. Го финасирала една госпоѓа од Чикако, откако предходно многу познати фирми ги одбиле да ги подржат финансиски. Постпродукцијата трела скоро 2 месеца. Но нивната желба да ја прикажат Македонија со сите убавини кои ќе се вклопат во тажната македонска приказна за Костадин Капиданот, заедно со нивниот режисер била голема за да го постигнат ефектот.

Близнаците во спотот ги јаваа коњите Султан и Гром. Но, и тука имало проблем, зошто прв пат на снимањето се качиле на коњи. Имало мал инцидент на сетот ама сепак добро поминале.

„Чичко Васко кој организира тури со јавање низ Галичник ни помогна и не обучи, зошто ние за прв пат се качивме тогаш на коњи. Директно на сет, јавај и снимај. Сепак, добро поминавме“, раскажуваат браќата.

Во спотот се појавува и актерката Ана Стојановска. Велат: „За ваква приказна треба актер, а не манекенка“. Близнаците најавија нов албум, кој планираат да го промовираат и надвор од земјава, како и голем концерт во Скопје.

Александра Георгиев

Scroll to Top