28 лица во Холивуд под истрага поради вмешаност во педофилски синџир

Полицијата во Лос Анџелес покрена истрага против 28 ѕвезди за кои велат дека се поврзани со масовен педофилски синџир во Холивуд.

Според шефот на полицијата Чарли Бек, полицијата на Лос Анџелес е одлучна како никогаш претходно да ги разоткрие и демонтира педофилите од висок ранг, кои дејствуваат во индустријата на забавата.

„Очекуваме полицијата и другите служби да истражат и да добијат што е можно повеќе докази за сексуалните криминали во наредните недели и месеци“, изјави Бек за „Лос Анџелес тајмс“.

„Ги поттикнуваме сите жртви на сексуално малтретирање да се јават и ги пријават тие злосторства.

Бек изјави дека неговиот оддел е посветен на истражување на сите случаи за сексуално малтретирање.

Во таа смисла, тие формираа две екипи со по пет детективи и истражители за да ги истражат овие обвинувања, пишува британски „Дејли мејл“.

Но, истакна дека некои од тврдењата, како она на Кори Фелдман за сексуално малтретирање од страна на две возрасни лица додека актерот бил дете, застареле.

Но, тој му се заблагодари на Фелдман што истапил во јавноста и ги поттикна другите кои веруваат дека биле погодени од ова да го направат истото.

„Свесни сме за значењето на траумите на жртвите кои биле во рацете на предаторите кои ги правеле овие тешки казнени дела“, изјави Бек.

„Сите наши детективи се координирани со нашите локални обвинители и други полициски агенции, вклучувајќи ја и полицијата во Њујорк. Високо профилната природа на тие поедини случаи не ја промени нашата непоколеблива посветеност да побараме правда за сите жртви на сексуално малтретирање.

Окружниот обвинител во округот на Лос Анџелес, Џеки Леси, исто така најави овој месец дека обвинителите ќе ги испитаат и сите застарени сексуални злосторства и случаи и истите ќе бидат предадени на полицијата на Лос Анџелес.

Холивуд во последно време е преполн со обвинувања поврзани со сексуален криминал откако барањето за осум истраги за сексуално вознемирување против Харви Вајнштајн излезе во јавноста.

Повеќе од 50 жени сега излегоа во јавноста со тврдења против Вајнштајн, со наводите дека биле жртви од сексуално вознемирување па сè до силување.

Вајнштајн е една од целите на полицијата во Лос Анџелес, но нему му се приклучија и други лица од висок профил, кои се разоткриени во јавноста.

 

Scroll to Top