Голобрадите мажи можат да личат на жени и да предизвикаат непристојни мисли

Во настојување да ги поттикне муслиманските мажи да пуштаат бради, муслимански проповедник тврди дека избричените мажи кои имаат долга коса не се разликуваат премногу од жените, нешто што може да предизвика непристојни мисли меѓу мажите.

„Луѓето би требало да пуштаат брада. Еден од двата дела на телото што ги разликува мажите од жените е брадата“, изјави турскиот проповедник Мурат Бајарал на верската ТВ-станица „Фатиха Медреселери“ во саботата.

Тој  опиша можно сценарио во кое мажот може да се најде во ситуација да има непристојни мисли кон друг маж.

„На пример, ако видите човек со долга коса од далечина можеби ќе помислите дека е жена ако  нема брада. Затоа што во денешно време жените и мажите слично се облекуваат. Боже, чувај нѐ! Дали вие тогаш би можеле да бидете опседнати со непристојни мисли?“ изјави тој, очигледно мислејќи на истополовите врски.

Додека хомосексуалноста одамна е легализирана во Турција и не е службено прогонета, за разлика од многу други земји во кои муслиманското население е мнозинство, конзервативните исламски проповедници забрануваат истополови врски, пишува „Раша тудеј“.

Турската ЛГБТ-заедница исто така се бори за воведување антидискриминаторни закони, како и за легализација на истополовите бракови.

Конзервативното мислење за истополовите односи се смета дека е доминантно во турското општество, а некои избрани службеници се противат на тоа.

Поранешната министерка за жени и семејства, Селма Алие Каваф, еднаш истакна дека хомосексуалноста е биолошко наружување и дека таа болест треба да се лекува.

Во меѓувреме брадите, кои се чести меѓу муслиманските мажи, исто така се соочуваат со некој вид дискриминација на Западот.

Минатиот месец десничарската партија во Данска тврдела дека на лекарите муслимани со бради не треба да им биде дозволено да лекуваат во државните болници во земјата.

Минатата година ученик во француско средно училиште бил соочен со исклучување кога одбил да се согласи на барањето да ја избричи брадата. Школскиот одбор ја сметал екстензивната коса на лицето како знак на радикализација.

 

 

 

 

Scroll to Top