Канада стана првата земја во светот која ќе продава GMO лосос на нивниот пазар

Канадскиот премиер Џастин Трудо, даде зелено светло, со кое се овозможува продажба на генетски модифициран (GMO) лосос – тврдејќи дека Канаѓаните се „среќни“, затоа што сега ќе во кујните ќе ја имаат оваа превкусна GMO храна.

Поради загриженоста за безбедносната храна, експертите ги нагласуваат потенцијално смртоносните опасности, поради конзумирањето на GMO месото. GMO лососот е произведен од страна на компанијата „АquaBounty Technologies“ и се пофали со тоа што може ваквиот тип на лосос, да порасне двојно поголем од конвенционално – одгледаниот природен лосос, а истовремено е и повкусен.

„Rt.com“ извести дека „продажбата и разговорите со потенцијалните купци, јасно покажува дека потрошувачите ги сакаат нашите риби, и се радуваме што со зголемувањето на нашите производни капацитети, можеме да ја задоволиме побарвачката“, изјави Роналд Ституш, извршниот директор на компанијата „АquaBounty“, се наведува во соопштението.

И покрај позитивните планови на компанијата за купците, голема загриженост поради GMO храната, ги запали неколкуте еколошки групи и организации кои не се согласуваат со идејата да се продава GMO храна.

Супермаркетите „IGA“ и „Costco“, објавиле на своите веб страници дека немаат намера да продаваат GMO лосос.

Еколошките групи се огорчени од новото производство.

Организацијата „GMO Vigilance“, од Монтреал наведе на својата веб страница дека продажбата на лосос во Канада, ги претвора Канаѓаните во „заморчиња“, и тие веруваат дека владата треба да воведе закони, кои бараат да GMO храната биде означена на одговарачки начин.

„Тоа е прв пат во историјата… Првите генетски модифицирани животни да се појават на пазарот, а потрошувачите во „Qybecu“ и Канада ќе станат првите заморчиња, и тоа несевесно.

„Во недостаток на обврзувачко означување, сеуште не можеме да направиме информиран избор“, изјави Тхибаулт Рехн, координаторот во „GMO Vigilance“, според „CNBC“.

Луси Шарат, од „Canadian Biotechnolohy Action Networк“, изјави дека „Компанијата не открила каде GMO лососот се продава и за која цел, и ние сме шокирани со откритието дека влегле на пазарот во овој момент“, изјави Гардијан.

Случај во 2015 година, придонесе за обвиненија на група активисти против канадската влада, поради одобрение на GMO лосос, и дека постои опасност да GМО лососот да се помеша со дивите риби и да направи еколошка катастрофа.

„Сметаме дека мерките кои имаат за цел да се избегне мешањето со дивиот Атантски лосос – се неадекватни, и еднаш кога ќе дојде во допир со нив, се создава гентската контаминација, дивиот лосос засекогаш ќе биде променет. Тоа ќе биде голем „live“, експеримент, а ние не ги знаеме последиците, изјави Марк Бутлер, активист од еколошкиот центар, пренесува Гардијан.

Но, компанијата „AquaBounty“ тврди дека нивните риби се стерилни и само се одгледуваат во затворени простори. Во моментов залихите на GMO лососот кој се продава во Канада, стигнале од GMO одгледувалиштето во Панама, а компанијата е во потрага да го прошири производството во „Prince Edward Island“, кој се наоѓа на канадскиот источен брег, пишува Гардијан.

Канадските регулатори, велат дека минале четири години во испитување, кои не покажале никакво негативно влијание на прехрамбените навики кај луѓето, и признале дека GMO лососот е безбеден за конзумација. Регулаторите тогаш дошле до заклучок дека нема посебна причина за означување на GMO лосос во продажба.

Во 2015 година, американската Агенција за храна и лекови, одобри GMO лосос, но издаде забрана за увоз и негова продажба два месеци подоцна, наведувајќи дека би требало да се воспостават јасни насоки за означување, пред да се почне со производство.

Работата и истражувањето на GMО лососот започна во 1982 година, од страна на група канадски научници.

Scroll to Top