Ќе дојде крај на американското царство – Северна Кореја ја упати најголемата закана до Трамп

Северна Кореја сериозно ќе го разгледа превземањето на најмоќниот одговор досега, и во голема мера раководството на САД не треба да го занемери лудакот кој е на власт – се наведува во соопштението на Азиското-пацифичкиот комитет на Северна Кореја, и огранокот на Работничката партија на Кореја..

Северна Кореја денеска предудпреди дека било каква воена операција на САД против нив би го предизвикала „најтрагичниот“ крај за САД.

Во соопштението се наведува дека доколку САД ја потцени моќта и волјата на Северна Кореја и продолжи со „безобѕирните“ воени решенија, ќе дојде до најтрагичниот крај на американското „царство“.

Комитетот, исто така, соопшти дека заканата на Трамп, е изречена на Генералниот собир на Обединетите нации во Њујорк, дека „тотално ќе го уништи“, севернокорејскиот режим со „прогласувањето на војна“, пренесува јужнокорејската агенција Јонхап.

„Не можеме да не направиме ништо по тој повод“, се наведува во соопштението и се додава молбата на Обединетите нации да не дозволат такви коментари на подиумот.

 

Scroll to Top