Кина и Русија го покоруваат Западот благодарение на суштества од вселената

Кина и Русија ќе ги покорат западните сили поради технологијата што им ја дале вонземјаните, тврди уредникот на списанието „Нексус“, Данкан Роудс. Во текстот се тврди дека посетителите од другите планети им помагаат на Кинезите да ја остварат својата надмоќ над Западот, пренесува британски „Express.co.uk“.

„Источната суперсила Кина веќе долго е во допир со вонземјаните кои ѝ помагаат да развијат технолошка предност над САД и остатокот на западниот свет“, наведува Данкан Роудс.

Во шокантната изјава тој истакнува дека за вонземјаните е клучно да влијаат на глобалните случувања.

„Многу теоретичари на заговор тврдат дека вонземјаните веќе со години тајно живеат на Земјата и работат со светските влади. Според теориите, тоа го кријат од јавноста поради стравот дека таквото сознание би можелo да создаде последици на религијата и владеењето на законот. Данкан смета дека гостите што соработуваат со кинеските лидери се технолошки понапредни од оние што соработуваат со западните владетели. Тој верува во теориите на заговор и во тоа дека тајното друштво илуминати, всушност, се состои од суштества од вселената, кои ги влечат конците од сенка и управуваат со светските владетели.

„Тие ги контролираат изборите и воените акции на САД, Велика Британија, Австралија, Нов Зеланд, Канада, Данска, Норвешка, Јапонија и на Јужна Кореја“, вели Роадс и претпоставува дека Кина во иднина во својот сојуз веројатно ќе ги вклучи Русија, Малезија и многу други азиски, јужноамерикански и африкански земји“. Роудс е уверен дека луѓето се хибридна раса која е создадена од супериорни вонземјани, кои нѐ посетиле неколку илјадници години претходно.

„За да ја разбереме иднината на човештвото, мора да ги разбереме нашето минато и нашата причина за постоење“, Смета Данкан.

 

Scroll to Top