САД го тргнаа Милошевиќ, направија хаос во Никарагва и Иран и плаќаа во Италија

Американските шефови на известувачките служби во вторникот ја предупредија Сенатската известувачка комисија дека Русија е подготвена повторно да влијае на изборите во 2018 година на идентичен начин како што тоа наводно го направила во 2016 година. „Њујорк тајмс“ пишува дека е докажано како Америка преку Централната известувачка агенција (ЦИА) повеќе од 80 пати влијаела во изборите на другите земји.

Вреќа пари испорачани во хотел во Рим за да се фаворизираат кандидатите на изборите во Италија. Скандалозни приказни излегувале во странските весници со цел да се влијае на изборите во Никарагва. Милиони памфлети, плакати и налепници се испечатени за да се поразат непосакуваните кандидати во Србија.

„Продолжената рака на Владимир Путин? Не, само мал дел од историјата е интервенција на Соединетите Американски држави на странските избори“, е почетокот на текстот, кој за неделното издание на „Њујорк тајмс“ го напишал Скот Шејн.

„Во текот на 2000 година САД во Србија ги финансирале успешните напори да се победи Слободан Милошевиќ обезбедувајќи политички консултанти и милиони налепници со симболите на опозицијата со стисната тупаница и постери „Готов е!“ на српски јазик, испечатени на 80 тони самолеплива хартија“, разоткрива „Њујорк тајмс“.

„Ако ги прашате известувачите дали Русите ги прекршиле правилата или направиле нешто бизарно, одговорот е  – воопшто не“, изјавил Стивен Л. Хал, кој се пензионирал во 2015 година по 30 години во ЦИА, каде бил шеф на руски операции. САД апсолутно историски имале такви операции, додал тој, и напомнал дека се надева оти ќе продолжат со тоа.

Од самиот почеток САД помогнале во симнување на лидерите во други земји.

 „Ние го работиме тоа од основањето на ЦИА од 1947 година. Делевме плакати, брошури, дистрибуиравме промотивни материјали и објавувавме лажни информации во странските весници“, изјавил Лоч Џонсон, кој кариерата во Сенатот ја почнал во 70-тите години истражувајќи ја работата на ЦИА.
Scroll to Top