Уфолозите открија мистериозна силуета на една од фотографиите на вселенското возило „Curiosity“. Според мислењата на ентузијастите, тоа би можело да биде огромен рак, сличен на кокосовиот рак.
Отприлика така би можеле да се ремизираат небројните коментари на фановите за вонземјаните, кои овие денови се проширија на интернетот со виралната фотографија, која на „Црвената планета“ во јули, ја сними Curiosity. На страницата на Фејсбук, „Jorney to the Surface of the Mars“, некои формации се наречени чувари на пештерите.
И навистина, кога доволно ќе се зголемат деталите на карпите, кои на својата мисија онака попатно се забележани од роботизираното возило на НАСА, се чини дека нема сомнежи.
„Јасно се гледа школката на големиот рак“.
Како тоа да се објасни?
Експертите истакнуваат дека традицијата на откривање вонземјенски организми, мистериозни предмети и интелегентни суштества на соседната планета трае веќе 40 години, уште од денот кога од него, на Земјата, почнаа да стигнуваат првите квалитетни снимки.
Прво беа големи правилни канали за наводнување, па беше голема глава, па разни бази, Yetiji и друго.
Според најпознатите трагачи на вонземјани на светот, директорот на програмата Search for extraterrestrial intelegence (SETI) Сетху Шостаку, на кого сигурно му било важно за тоа дали во вселената се откриени траги на живот, мистериозната снимка од ракот, баш како и бројни други пред неа, има логично објаснување кое се нарекува пареидолија. Тој вели дека секоја недела, добива слични слики и секогаш има сличен одговор на нив.
„Тие кои ми ги ипсрќааат се прилично возбудени и велат дека има НЕШТО, што не се очекува дека ќе се најде во рѓосаната Црвена планета. Обично тоа е некое животно, но понекогаш се чини и дека се чудни делови на автомобил. Можеби мислат дека на Марс има автомобил“, се шегува тој.
„Пареидолија не е дефект на видот; тоа е многу важна за преживувањето, примери кога морате брзо да ги препознаете предаторите во џунглата“, истакнува американскиот астроном.
Еволуциски важна склоност
Што е всушност пареидолијата? Тоа е склоност на мозокот да по случајните шари, ги препознае причинте. На пример кога децата кога ќе погледнат во облаците, ќе забележат разни видови животни.
Познато е дека Леонардо да Винчи во своите забелешки за неа напишал, како техничките вежби се корисни за уметниците.
Пареидолијата исто така е позната во религиите. Во историјата забележани се бројни случаи на гледање на верски слики како Исус, Марија, зборот Алах и слично.
Понекогаш на небото, а понекогаш во еден печен тост.
Оваа длабока вкоренета склоност на човечкиот мозок, помага кај децата да се усредоточат и да го препознаат лицето на родителите, а на луѓето низ еволуциската историја, им овозможува преживување. Во повеќето случаи узбуната поради некоја змија, диво животно или сенка на можен непријател ќе биде лажна, но во еден од случаите ќе биде оправдана и ќе ви го спаси животот.
Во една студија објавена во 2012 година во списанието „Proceedings of the Royal Society“, научниците со магнетска резонанца го снимија мозокот, како би утврдиле каде се наоѓа седиштето на пареидолијата. Фотките покажале дека тој дел е познат како фузиформен гирус. Левата страна на мозокот ќе реагира прва на сликата и ќе испрати информација до десната страна, поточно, прашањето „што е ова“.
Десната потоа ќе се обиде да утврди дали тоа е реалното лице, а статистиката покажува дека, безбедноста работи, и бројот на грешки ќе биде на страната на потврдниот одговор.
Левата страна потоа ќе потроши уште неколку микросекунди, за да го разбере контекстот на слики пред да се исклучи алармот. Но, десната нема веднаш да се опушти, ниту ако узбуната прекине. Често се случува да продолжи да ја процесуира сликата како флека, лице, змија или некое друго животно, и така непотребно да не држат во страв. Но, подобро е да се биде сигурен, макар и преплашен!
Дали НАСА нешто крие?
Некои лично загрижени фанови, НЛО и теоретичари на завери, ќе постават прашање, зошто НАСА, ако нема што да сокрие, еднсотавно не им удоволи и не го врати возилото до спорниот објект?
Во оваа приказна добро е да се потсетиме дека досега воглавно сите наводни вонземјански суштества и нивните креации, кога ќе бидат забележани од некои други агли, едносавно исчезнуваат. Бидејќи ако тоа е така, би било прилично претерано да се очекува дека НАСА секој пат кога некој нешто чудно ќе препознае на Црвената планета, ќе го сврти својот ровер со важни мисии да истражува и ја разоткрие пареидолијата.
Истражувачите напоменаа дека тоа не е прв случај да на фотките на НАСА се приметуваат џиновски ракови и други животни.