Ќе бидете под голем притисок да ги пронајдете сите природни производи достапни на пазарот за третман на акни. Тоник за чистење, креми, таблети на хормонална база, антибиотици кои содржат безброј хемикалии кои и штетат на кожата, кои повеќе предизвикуваат да имате штетни нуспојави по вашето здравје.
„KidsHealth.org“ објаснува дека ако користите премногу вообичаени хемикалии за борбата против акните, како бензоил, пероксид и солна киселина, тие всушност можат да предизвикаат уште поголем број на акни.
Што е уште полошо, лекарот може да ви препише лекови кои природниот систем на телото може да ги отфрли и да предизвикаат нездрави нуспојави. Наместо тоа, обидете се со јаболков оцет, што е доволно безбеден и за јадење.
Оваа природна состојка може да ви овозможи предност во борбата против акните и да ја исчисти кожата на безбеден и здрав начин.
Што е тоа јаболков оцет?
Јаболковиот оцет е целосно природна состојка, од која веројатно ќе имате многу помалку штетно влијание, на вашето тело, од острите и понтенцијално штетни хемикалии кои се наоѓаат во комерцијалните производи за нега на кожата. Овој вид на оцет е изработен од јаболко кое се разградува во процесот на ферментација. Микроорганизмите, го претвораат шеќерот од вода во алфа хидроксилна киселина, кои се главните компоненти за борбата против акните во јаболчниот оцет. Освен киселините, оцетот исто така содржи вода, витамини и минерални соли.
Како јаболчниот оцет и помага на кожата?
Вашата кожа има природни киселини кои ги елиминираат бактериите и загадувањето, на кое е изложена на дневна база. Многу средства за чистење и производи за нега на кожата влијаат на киселоста на кожата, ја ослабнуваат нејзината способност за заштита од надворешни влијанија. Но киселината во јаболчниот оцет, може да помогне во избалансираноста на природната киселина на кожата за да се осигура заштитата. Освен тоа, компонентите внатре во јаболчниот оцет можат да ги отстранат работите како шминка и нечистотитјата на кожата, разградувајќи ги мртвите клетки на кожата и напаѓајќи ги бактериите. Воглавно јаболчниот оцет, ја чисти и балансира вашата кожа на природен начин.
Јаболчниот оцет исто така, може да и помогне на вашата кожа, ако оцетот го испиете, иако било кој вид на оцет може да и овозможи на вашата кожа, еднаква корист, кога се практикува на ваков начин.
Ацне Ајнштајн, објаснува дека оцетната киселина во оцетот може да го контролира нивото на инзулин во телото, што може да помогне во рамнотежата на хормони кои се вклучени во формирањето на акните.
Но, веб страницата напоменува дека потребни се повеќе истражувања за да се потврди потенцијалот на влијанието на оцетот на акните. Ако го земемете во предвид тоа дека фармацевската индустрија се помалку врши истражување на штетноста, оцетот е барем природен.
Дали било кој вид на јаболков оцец ќе делува?
Било кој вид на јаболков оцет ќе има некои карактеристики кои можат да помогнат во борбата против акните. Сепак ќе имате најдобри резултати ако го користите јаболковиот оцет од органска јаболка и да не е пастеризиран или филтриран. Тоа нема да ви наштети, но можете да процените и самите како ви е подраго.
Како да го користите јаболковиот оцет за акните?
Јаболковиот оцет овозможува борба против акните ако се користи како тоник за лице. За создавање на тоник, помешајте го оцетот со вода во однос – вода два до три пати, повеќе од оцетот.
Кога сте подготвени да го користите, прво измијте го лицето, потоа нанесете тоник за лице со памук и не го мијте потоа. Кога ќе се исуши, можете да користите хидратантна крема, или други производи, доколку самите така одлучите, но подобро оставете ја кожата на лицето да дише.
Иако јаболковиот оцет е природен, вашата кожа би можела да има реакција на него. Поради тоа, би требало да почнете со мешавина на многу повеќе вода од оцет и да видите како вашата кожа ќе реагира. Потоа, можете да нанесете од мешавината на малку вода, и повеќе оцет, доколку е потребно.
Ако сакате да користите јаболков оцет, и да се обидете да го урамнотежите нивото на инзулин, би требало да конзумирате оцет. Земете една голема лажица и пијте го еднаш дневно. Ако не ви се допадне вкусот, обидете да го помешате со некој сок или храна. Може би сакале да земете оцет кога јадете јаглехидрат, кои помага на телото да го забави процесот на разградување на јагленохидрати, за да се спречат инзулинските „шилци“, или нагло да се зголеми инзулинот во крвта. На крајот можеме да ви препорачаме, да ја користите прирорадата за излекување, а не продуктите на фармацевската индустрија!