(ФОТО) Некогаш беше секс бомба, а сега се уништи со операцијата

Тара Рид своевремено важеше за една од најубавите американски актерки, а потоа се подложи на разни естетски зафати и го промени личниот опис.

Ѕвездата на филмскиот серијал „Американска пита“, 41 годишната Тара Рид, која некогаш важеше за вистинска убавица, го шокираше светот со својот изглед, кога оваа недела се појави на црвениот тепих во Лос Анџелес.

Актерката присуствуваше на премиерата на филмот на Каре Делевин, „Valerian and The City of Thousand Planets“, и тоа со потполно поинаква фризура. Бесполезно е да се напомене дека многумина едвај ја препознале.

 

Шокантна беше и нејзината килажа, бидејќи некогашната секс-бомба, во црно топик, и широки панталони изгледаше како жив костур.

Засега не е познато дали е во прашање перика, иако личи на тоа, но едно е очигледно – дека Тара со овој изглед сите ги шокираше.

„Луѓето секогаш зборуваат дека ништо не јадам. Јадам постојано. Ме нарекуваат застрашувачко слаба… Сите знаат дека јадам повеќе од било кога. Едноставно јас сум слаба девојка. Отидов на липосукција, иако бев слаба, не сакам да лажам, сакав „six-pack“, изјави Тара на почетокот на месецот за „E! News“.

Scroll to Top