Знаете како: Сите имаме фотки од минатото кои би сакале да ги запалиме, но за среќа ние не сме познати личности, на кои ваквите фотки, кога тогаш, ќе ни се удрат од глава.
Во случајот со Ким Кардашијан, па…. Веруваме дека се смрзнала за момент кога видела ШТО излегло во јавност.
И ајде што се во прашање фотки од пред 10 години, проблемот е во тоа што на тие фотки е со својот поранешен „бфф“, па не знаеме кој момент од сето ова повеќе и смета.
Претпоставувате, Парис Хилтон на својот Твитер профил сподели некои фотки од 2006 година, со провод кој беше резервиран само за жени, а лесно може да се примети дека Ким Кардашијан, изгледа сосема поинаку.
Good Times in Ibiza with @KimKardashian & @CarolineDamore #GirlsTrip2006 pic.twitter.com/F8jcJN1HXi
— Paris Hilton (@ParisHilton) 16 July 2017
Денеска, Ким жари и пали со своите облини, со своето совршено чувство за мода и стајлиш живот, кој го води, а тогаш… Па добро, сепак и беа потребни 10 години. Какви се вашите фотки од тој период, а?!