На интернет се појавија снимки за кои водечките истражувачи за вонземјанскиот живот, веруваат дека станува збор за вонземјански „матичен брод“ – огромен вселенски брод приметен додека НАСА во живо го пренесуваше вселенското подрачје во близината на Меѓународната вселенска станица (ISS).
Браќата и вонземјанските фанатици Блејк и Брат Казинс, реномирани во уфолошката заедница поради својата сметка на „Јутјуб“, „Третата фаза на месечината“, објавија збунувачка снимка на 17 јули.
На снимката се гледа како нејасен објект впловува во кадар зад ISS. На прв поглед се гледа како светло, кое минува низ портокалов круг, но набрзо се оцртува објект во облик на вселенски брод.
Но, штом необјаснетиот објект добива облик, тој се спојува со бескрајната темна вселена.
Авторите наведуваат дека самиот клип е забрзан за 900 пати. Реалниот настан трае повеќе од девет минути.
Авторите ангажирале ексерти од љубителите на НЛО, за да расветлат што всушност претставувал објектот за кои тврдат дека ја „следи“ станицата.
„Прво, додека го гледав, не знаев што точно гледам, но како снимката поминува, гледате како работите почнуваат да се движат… ќе ги видите овие портокалови точки околу него, а особено една наназад, речиси како да е светлост, како иде кон ISS.
На крајот целиот објект се намалува. Може да биде огромен матичен брод, додека малите портокалови куглички, да претставуваат излетнички бродови кои стигнуваат до Земјата за да не посетат“, вели експертот.
Тој понатаму објасни дека „дисковите“ кои луѓето често ги гледаат на Земјата всушност се „мали извиднички бродови“, кои се испратени од матичниот брод, како што е овој прикажан на видео снимката.
Снимката го привлече вниманието на 40.000 корисници, колку што има и прегледи за само два дена, а голем дел од гледачите коментираа дека нагаѓале што би можело тоа да биде.
Еден коментар беше недвосмислен и изречит – на снимката се гледа „Меѓуѕвезден матичен брод“, кој ја следи активноста на агенцијата НАСА. Коментарот продолжува со тврдењето дека НАСА лажела за вонземјаните, уште од својата прва средба со неидентифицираниот летечки објект.
„Прилично е очигледно дека или сме заштитена планета како резерват на природата или сме под заштита или владејачка друга вонземјанска раса. Луѓето се прашуваат како тоа да одовде доаѓаат толку многу различни бродови. Како да вонземајните не им е дозволено да ни кажат „Здраво“. Зошто?
Затоа што со нас владеат од првиот ден и уште владеат. Прилично едноставна логика. Другите вонземјани веројатно не посетуваат за да извидат, но имаат договор да не контактираат и оттаму потекнуваат круговите во житните полиња, графитите.
Тие веројатно мислат: „јадни луѓе, тие се робови, би биле желни да можеме тоа да им го кажеме!“. Но, тоа е слично со племето кое живее на Андаманските острови, каде нема никаков контакт со остатокот на светот, немаат поим што се таму постои.
Нашата влада не ни дозволува да се поздравиме, а тоа е на Земјата, да луѓето не би се шокирале што тие се овде, но не им е дозволено да разговараат со нас. Тоа е како да со Земјата управува Ким Јонг Ли“, хипотизира корисникот МрСоницсеедс.
Но, некои корисници беа внимателни, па дури и отворено цинични, сугерирајќи дека снимката прикажува бура во горниот дел на атмосферата.
Чудни слики во близина на ISS се честа појава. Според сопствениците на каналот, тие документирале бројни слични, мистериозни аномалии, во стотина прилики кога ги следеле, емитирале, но и покрај очигледната регуларност на овие инциденти, НАСА и другите вселенски агенции кои работат на ISS, речиси постојано одбиваат да одговорат на тврдењата на уфолозите, наместо да само да го порекнуваат тоа дека досега сретнале вонземјани, или откриле докази за посетите со други светови.
Астронаутите на НАСА Скот Кели и неговиот колега од ESA шеговито објавуваат дека ги „нападнале“ вонземјаните во текот на мисијата на ISS.
На снимката ISS е прикажан нејасен објект во облик на ракета која се движи кон станицата.
Некои коментатори веруваат дека тоа е напад на NLO, а други мислат дека тоа е орбитално оружје со кое често се фалела Северна Кореја.
Камерите од ISS забележала неверојатна сцена – нешто што се правело дека е голема огнена топка која иде низ вселената. НЛО ентузијастите беа уверени дека во прашање е вонземјански брод, а скептиците сметаат дека огнената топка едноставно е метеор кој влегува во атмосферата на Земјата.
НАСА предизвика контроверза откако го прекина преносот во живо на ISS, откако камерите приметиле бизарен неидентификуван летачки објект кој се приближувал кон Земјата.
Јасно видливот квадратен облик е многу поголем од Земјата е приметен на две различни камери на MSS во временски интервал од 25 часа.
Ловците на НЛО приметија мистериозна коцка и ја постирале на интернет, што довело до тоа да многумина претпостават дека во прашање е неидентификуван летечки објект кој влегол во орбитата на Сончевиот систем.
Снимката очигледно е делот кој недостасува од следната снимка која ја направи НАСА, што довело до тоа да некои уфолози тврдат дека агенцијата намерно ги преправила снимките.
Чудното светло од снимањето како минува покрај ISS, експертот за НЛО, Скот Варинг, го навело да изјави дека снимката докажува дека вонземјаните ја надгледуваат станицата.
Дел од снимката со преносот во живо, прикажува мал бел круг, и е објавена на каналот на Јутјуб, од страна на уфологот Стреткап1.
„Неидентификуваниот објект е посветол од левата страна поради сончевата светлина, така да тоа не е блесок од летање. НАСА толку брзо го отстрани преносот од камерата, иако тоа беше многу оддалечено, но сепак успеа да улови неколку кадри за да ги зголеми“, пишува во описот на видео-записот.
Скептиците наведоа дека тоа не бил неидентификувано летало, туку „неидентификуван пуфасти објект“, затоа што во прашање е само честички прашина, на објектот на камерата на ISS.
Повторно во текот на преносот во живо се појави мистериозен објект.
Вонземјанскиот ентузијаст Џон Крадик од Волверхемтон, во Англија, изјави дека објектот на почтокот бил „прилично мал“, но пораснал во следните 25 секунди, пред да НАСА го прекине преносот.