На Јутјуб осамна драматичен момент од борба за живот по сообраќајна несреќа, што се случи во Азербејџан.
Имено, на автопатот меѓу Ростов и Баку дојде до судир кога една „Лада“ се „забила” во „Волга“. Веднаш потоа, автомобилот се запалил, па луѓето веднаш притрчале напомош.
Сите се обидувале да им помогнат на заробениот возач и патниците во возилото, но кога огнот се засилил, повеќето се откажале, освен неколкумина. Тие беа упорни докрај и тоа се исплатело. Ги скршиле прозорците и ги спасиле луѓето.
Јунаците ги собраа сите аплаузи на социјалните мрежи.